April 30, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за Влада, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе престане да постои техничката, односно преодната влада.

За законските измени гласаа 70 пратеници, 11 беа против, а воздржани немаше.

Техничката влада, позната и како пржинска влада, беше воведена како ад хок механизам за изборите во 2016 година со цел да обезбеди фер и демократски изборен процес преку вклучување дополнителни министри од опозицијата во последните 100 дена пред избори.

Во расправата, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека техничката влада е надминато решение кое повеќе не одговара на актуелниот политички и институционален контекст, додека опозицијата предупреди дека нејзиното укинување ќе ги ослаби гаранциите за демократски избори.

Read Previous

Осум години затвор за Раде Трајковски Штекли за трговија со дрога