Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако се затрупани од насип со земја на градилиште во скопската општина Кисела Вода.
Шефот на смена во Службата за итни случаи, Драган Панов, за локалните медиуми изјави дека настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години и дека со истрагата ќе бидат утврдени точните околности на инцидентот.
Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст. Истакна дека интервенирале со четири амбулантни возила.
Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 08:17 часот е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
Оттаму истакнаа дека двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за извлекување и на третото лице.

