April 23, 2026

Вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува на „Криволак“, ја следат оценувачки тим и НАТО-монитори

На армискиот полигон „Криволак“ продолжува вежбата „БЛЕСОК 26“ со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија.

Како што е објавено од Армијата на Северна Македонија, вежбата ја следат оценувачкиот тим и НАТО-монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група.

Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции и реакција на контакт, како и инженерска поддршка на активностите. Со ова, според Армијата, се нагласуваат координираното дејствување и навремената реакција во согласност со стандардните оперативни процедури на единицата.​​​​​​​

Во текот на активностите командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, извршија обиколка за контрола на вежбата, со сите нејзини елементи, при што беше согледан степенот на реализација на поставените задачи на терен.

Read Previous

Европската Унија носи бесплатен Wi-Fi во Тетово

Read Next

Македонците лани потрошиле 427.8 милиони евра преку онлајн трансакции