April 23, 2026

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станицa, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица.

„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“.

МВР со апел до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, во интерес на заштеда за своето време и избегнување на непотребни гужви.

Read Previous

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“