April 22, 2026

Туристичко-угостителската комора на Македонија од Грција побарала македонските туристи летоска да бидат изземени од биометриската контрола на границите

Туристичко-угостителската комора на Македонија утринава испратила допис до грчкото министерство за туризам во кој побарала македонските туристи за време на летниот период да бидат изземени од биометриската контрола при влез во земјата која е задолжителна по воведувањето на новиот европски ЕЕС (систем за влез/излез), пренесува порталот „Слободен печат“.

„Денеска стапивме во контакт со грчката министерка за туризам и побаравме македонските туристи да бидат изземени од овој систем во периодот од 1 јуни до 1 септември. Се надеваме дека минисерката ќе го земе предвид нашето барање и дека деновиве ќе добиеме позитивен одговор – изјавил за „Слободен печат“ претседателот на Туристичката комора, Аркан Керим.

Грчката влада донесе одлука граѓаните на Велика Британија да не мора да се подложуваат на биометриска контрола при влегување во земјата. Причината за таквата постапка лежи во стравот од огромни гужви на границите и аеродромите. Имајќи предвид дека 4,89 милиони британски туристи ја посетиле Грција во 2025 година, целта на оваа мерка е да се намали времето на чекање за најбројните гости да влезат во земјата.

Изземање од биометрикста контрола на грчките граници најавуваат и во Србија.

Read Previous

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворенo 27. Светско првенство во ракомет за средношколци