Румен Радев, поранешниот претседател на Бугарија издвои убедлива победа на парламентерните избори одржани денеска кај источниот сосед. Коалицијата предводена од него „Прогресивна Бугарија“ освои околу 38% од гласовите, покажуваат првичните резултати.
Ваква висока поддршка за една политичка партија немало од 2009 година.
„Герб“ имаше најслаб резултат од 14 до 16%. Со сличен резултат е и коалциијата „Продолжуваме со промените“ – Демократска Бугарија“. На четврто место е „ДПС-Нов почеток“ на Делјан Пеевски со 8%. „Преродба“ се движи со околу 5%.
Точниот распоред на мандатите ќе биде познат после пребројување на сите гласови. Проценките велат дека на „Прогресивна Бугарија“ им требаат уште околу десетина пратеиниц за да формира мнозинство.


