April 17, 2026

Собраниската комисија ги поништи огласите за избор на членови на КСЗД и Судски совет

Комисијата за избори и именувања денеска ги поништи огласите за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Претседателот на комисијата, Ѓорѓија Сајкоски изјави дека огласот се поништува и ќе биде повторно објавен поради немање услови за утврдување предлог-листа за член на Комисијата.

Комисијата претходно одржа јавна расправа со интервјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени беа седуммина кандидати, и тоа: Миле Стојановски, Кадрије Мустафа, Усеин Елезоски, Жаклина Дамческа, Кире Василев, Ирфан Лимани и Даниела Стојановска-Џинговска.

-Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието, претседателот на законодавниот дом го објавил на 7 април, но поради технички причини тој не бил објавен ваб-страната на Собранието и поради тоа потребно е комисијата да го поништи огласот, објасни претседателот на комисијата, Сајкоски.

Read Previous

Турскиот претседател Ердоган оствари средба со претседателката на Северна Македонија, Сиљановска-Давкова