Студент од Поморскиот факултет од Билеќа (19) подлегнал на повредите во Клиничкиот центар на Црна Гора, стекнати по пад од четврти спрат на Студентскиот дом „Спасиќ-Машера“ во Котор, потврди полицијата за порталот RTCG.
Тој паднал од прозорецот на домот вo петок, 13 март.
Поради сериозноста на повредите веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора, каде по шест дена починал.
За сега не е познато под кои околности се случила трагедијата. објави Скопје1.мк


