March 18, 2026

Два загрозени балкански риса забележани на Шар Планина

Два балкански риса, вид што е критично загрозен, неодамна се регистрирани во националниот парк „Шар Планина“ преку трап-камери.

Според видеоматеријалот објавен на социјалните мрежи од националниот парк „Шар Планина“, се потврдува присуството на овој редок вид.

„Имаме два нови балкански риса на Шар Планина! Со ова бројката порасна на 5 единки – доказ дека природата се враќа!“, пишува во објавата.

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) се смета за национален симбол на Северна Македонија и е еден од најретките цицачи во Европа.

Се проценува дека во природата останале помалку од 50 единки.

Националниот парк „Шар Планина“ претставува едно од клучните живеалишта на овој вид во регионот.

Read Previous

Европската комисија потврди дека се укинати сите финансиски мерки против Косово

Read Next

Халкбанк АД Скопје организираше ифтарска програма