March 16, 2026

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски државјани заглавени во војната на Блискиот Исток

Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје.

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата.

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници. 

Read Previous

Меѓународна конференција за институционални решенија по пожарот во Кочани

Read Next

13 возачи приведени поради безобѕирно управување со моторно возило