March 7, 2026

На скопски аеродром кај патник откриени непријавени 150 илјади фунти

На Меѓународниот аеродром Скопје, царинските службеници, при контрола на странски патник, кој патувал за Лондон, откриле 150 илјади британски фунти што не биле пријавени според законските обврски.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени девизи во вредност до 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 фунти се привремено задржани.

Против него е поднесена прекршочна пријава.

„Царинската управа постојано работи на спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина и борба против финансискиот криминал“, вели директорот на Царина, Бобан Николовски.

Read Previous

Полициски екипи евакуираат објекти по дојави за бомби во Сараево и Подгорица

Read Next

Средното полициско образование се обновува по 26 години – ќе можат да се запишат околу 200 ученици