March 2, 2026

Случувањата на Блискиот Исток ја зголемија цената на гасот во Европа за 20%

Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 20 проценти поради американско-израелскиот напад врз Иран и нарушувањето на транзитот преку Ормутски Теснец.

На холандската дигитална берза ТТФ еден мегават-час гас за испорака во април изнесуваше утрово се тргуваше за 39,84 евра и беше за 24,6 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела.

Тоа е највисока цена за гасот од 14 февруари минатата година.

Сообраќајот на танкери низ Ормутски Теснец речиси е запрен, иако Иран официјално не го затворил. Осигурителните компании денеска соопштија дека нема да го покриваат превозот во поширокиот регион на Персиски Залив.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во 2024 година, преку Ормутски Теснец поминуваат 20 милиони барели нафта дневно и околу една петтина од испораките на течен гас, главно од Катар.

Во меѓувреме, ЕУ го суспендираше увозот на руски гас преку гасоводите и планира да го запре и снабдувањето со течен природен гас (ЛНГ). Во моментов, ЕУ купува гас главно од САД, Катар и Норвешка.

Skopjeinfo 

Read Previous

Првиот човек на НАТО доаѓа во посета на Македонија

Read Next

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер