March 2, 2026

Оштетена амбасадата на Србија во Техеран

Во бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.

Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.

Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.

Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

ZOOM

Read Previous

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на ОАЕ

Read Next

Првиот човек на НАТО доаѓа во посета на Македонија