March 2, 2026

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Под претседателство на Гордана Сиљановска-Давкова, започна седницата на Советот за безбедност, свикана поради актуелната безбедносна состојба во земјата во контекст на најновите случувања на Блискиот Исток.

На седницата присуствуваат членовите на Советот: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Дел од седницата се и членовите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

Советот за безбедност претставува највисоко советодавно тело во државата кое ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната и доставува предлози и мислења до Собранието и Владата.

Работата на Советот, вклучително и свикувањето и одржувањето на седниците, правата и обврските на членовите, како и спроведувањето на донесените ставови и иницијативи, е уредена со Деловникот за работа на Советот за безбедност.

Седниците по правило се затворени за јавноста, а одлука за евентуална јавност на одредена седница носи претседателот на Советот.

Read Previous

На Попова Шапка има снежна покривка од 83 сантиметри

Read Next

МНР: Зголемен број на пријавени македонски граѓани затекнати во загрозените подрачја