Вчера во Центарот за обука „Пепелиште“, новопримените офицери на служба во Армијата положија свечена заклетва.
„Со давање на свечената заклетва, 16 офицери на служба го започнуваат военото образование на Воената академија, кои ќе продолжат да ја градат својата кариера во единиците на Армијата“ , информираа од Армијата.
На свеченоста присуствуваа: деканот на Воената академија полковник Ненад Таневски, заменик-командантот на Командата за обука и доктрини полковник Дарко Стојкоски, претставници од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје, команданти од единици на Армијата и командантот на Центарот за обука на питомци и офицери полковник Иван Сарафимов.


