February 6, 2026

Хрватска воведува задолжителен испит по хрватски јазик за странски работници

Новина за оние кои патуваат на сезонска работа во Хрватска, пред сѐ за оние кои остануваат подолго таму на работа. За да земат работна дозола, ќе мора да полагаат јазичен испит. 

Хрватската влада предложи измени на Законот за странци со кои за државјаните на трети земји се воведува обврска за учење и полагање испит по хрватски јазик како услов за продолжување на дозволата за престој и работа. По една година престој, странски работник ќе треба да положи испит на ниво A1.1, доволно за наједноставна секојдневна комуникација.

Измените предвидуваат и полесна промена на работодавач (по шест месеци работа без нова дозвола), проширена можност за промена на занимање и продолжени рокови за решавање на барањата за дозволи до 90 дена.

– Работодавачите ќе бидат под контрола со „црна листа“ за прекршувања, а обврската за пријавување прекин на работен однос се префрла на нив. За македонските работници во Хрватска, деталите околу курсевите и испитот допрва ќе се регулираат, но трендот е јасен: продолжувањето на дозволата ќе зависи од минимална јазична компетенција, објасни вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. 





Skopjeinfo

Read Previous

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Read Next

„Сејф Сити“ во Охрид ќе стартува пред летната туристичка сезона