February 5, 2026

Во месец јануари 101 санкции за непрописно вградени фолии во автомобили

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. 

При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read Previous

Средба Мисајловски – Роблес: Истакната подготвеноста за унапредување на билатералната соработка во одбраната

Read Next

Уапсено едно лице осомничено за фрлање бомба во куќата на Здравко Чолиќ