January 30, 2026

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“

Министерството за спорт и годинава ги додели стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци.

Министерот за спорт Борко Ристовски на свеченото доделување во Македонската опера и балет истакна дека еден од приоритетите на Министерството е да создаде систем што ги препознава и поддржува младите таленти. Тој посочи дека вложувањето во младите спортисти претставува најсигурна инвестиција за државата – во здрави генерации, национална гордост и меѓународни спортски успеси.

Ристовски упати порака до стипендистите да бидат истрајни на својот спортски пат и да следат примерот на претходните македонски репрезентативци, кои, како што рече, секогаш ќе имаат поддршка од државата. Тој нагласи дека со измените во законот и националните признанија за спортистите што ја претставувале државата во изминативе 20 години, се исправила долгогодишната неправда.

Финансиската поддршка преку проектот „Спортска надеж“ се доделува на спортисти до 20 години кои се членови на националните селекции во сите спортови. 




TV21

Read Previous

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Read Next

Електричните автомобили за првпат ги надминаа бензинците на европскиот пазар