January 30, 2026

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре (31.01.2026), со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“, во продолжение по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Read Previous

Транспортерите од БиХ и Србија не отстапуваат, продолжуваат со блокади на границите

Read Next

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“