January 29, 2026

Пет основни училишта и три детски градинки ќе добијат енергетски ефикасни системи за греење

Пет основни училишта и три детски градинки во општина Ѓорче Петров ќе добијат енергетски ефикасни системи за загревање.

Како што информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишале Меморандум за соработка со UNOPS во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти.

Проектот опфаќа нови 5 основни училишта и 3 детски градинки во општината, каде што ќе се врши замена на старите системи за греење со современи топлински пумпи, енергетски ефикасни и еколошки системи.

Стојкоски посочува дека со овој проект ги опфаќаат сите објекти на основни училишта и дел од градинките, со што ќе се позиционираат како лидери помеѓу општините во намалено загадување, почиста животна средина, пониски енергетски трошоци и  поздрави услови за децата.

„Во партнерство со УНОПС и со поддршка од Европската Унија, продолжуваме одговорно, стратешки и долгорочно да инвестираме во Ѓорче Петров. За чист воздух, за енергија на иднината, за нашите деца“, порача градоначалникот.




Skopjeinfo

Read Previous

Обвинителството ги проверува наводите на Жан Митрев