Создаваме услови за зголемен извоз, нови работни места, посилна економија и поголема сигурност за граѓаните, преку подобро позиционирање на македонската економија на еден од најзначајните европски пазари, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
„Заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишавме Протоколот за правила за потекло, како интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, информира Муцунски.
Со примената на проширената кумулација на потекло, министерот нагласува дека значително се унапредуваат можностите за македонските извозници да користат преференцијален третман во трговијата со Обединетото Кралство.
„Ова е особено важно за секторите со сложени производни ланци и висок удел на материјали од Европската унија и земјите опфатени со ПЕМ-конвенцијата, како и во контекст на новите трговски односи на Обединетото Кралство по излегувањето од Европската унија, посочува Муцунски.
Skopjeinfo


