January 20, 2026

Северна Македонија во Давос очекува да привлече голем број инвестиции

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека земјата очекува да привлече голем број инвестиции за време на 56. Годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF), кој оваа година се одржува под мотото „Духот на дијалогот“.

Мицкоски на американската компанија за социјални медиуми X објави дека придружуван од висока владина делегација ќе учествува на годишниот состанок во Давос.

Тој истакна дека во наредните денови ќе има бројни средби за кои се очекува значително да придонесат за подобрување на економската состојба и привлекување на голем број инвестиции во земјата.

Премиерот најави учество на три различни панели, како и остварување на бројни средби со компании од целиот свет.

„Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета на Давос“, изјави Мицкоски.

На Самитот се очекува учество на околу 400 високи функционери и политички лидери, меѓу кои 65 шефови на држави и влади, 55 министри за економија и финансии, 33 министри за надворешни работи, 34 министри за трговија и индустрија и 11 гувернери на централни банки.

Меѓу значајните учесници на форумот се очекува да бидат американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот заменик-премиер Хе Лифенг, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј и други светски лидери.

Read Previous

Рама: Поканата на Трамп за Одборот за мир во Газа ќе биде доставена до албанскиот Парламент за одобрување