January 20, 2026

Почна второто полугодие од учебната година

Денеска официјално започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на Фејсбук им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби. „Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!“, наведе Јаневска.

Таа претходно посочи дека според проценките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје нема пречки за непречено започнување на полугодието, и покрај зголемената појава на грип.

Јаневска апелираше до родителите и учениците да бидат редовни во наставата, истакнувајќи дека сите испитувања, и дома и во светот, покажуваат дека редовната посетеност на часовите води кон подобри образовни резултати.

Read Previous

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Read Next

Рама: Поканата на Трамп за Одборот за мир во Газа ќе биде доставена до албанскиот Парламент за одобрување