January 19, 2026

Православните верници денес го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите зимски верски празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот има длабока духовна симболика и традиционално е поврзан со обредите на осветување на водите и положување на светиот крст.

Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Богојавление се слави уште од вториот век, а во православната традиција е поврзано со големиот водосвет што го извршува црквата.

И годинава ќе се продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Во реките се симболично се положува светиот крст, а верувањето е дека оној кој ќе го фати ќе ја има Божјата благодат, среќа и напредок во текот на целата година. Обредот претставува и симболично соединување на човекот со Христа.

Богојавление – Водици се празнува во сите епархии на МПЦ–ОА, како и во православните цркви низ светот што го следат Јулијанскиот календар. Традицијата вели дека по положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

TV21

Read Previous

Безбеден град веќе спасува животи, прекршоците намалени од 100.000 дневно во првите денови до 3.000 сега

Read Next

Зградата на Специјалниот суд во Белград евакуирана поради пожар