January 17, 2026

Министерот за надворешни работи Муцунски во посета на Македонско-Турската стопанска комора

Вчера беше остварена работна средба со Управниот одбор на Македонско-турската стопанска комора (MATTO – Macedonia Türkiye Chamber of Commerce), организација која имаше значајна улога во унапредувањето на економската соработка и јакнењето на односите меѓу Република Северна Македонија и Република Турција.

На средбата беа разгледани можностите за институционална поддршка на компаниите со цел унапредување на извозот, поттикнување на извозно ориентирани компании, создавање нови извозни капацитети, како и привлекување нови инвестиции.

Двете страни изразија заедничка подготвеност за продлабочување на соработката преку конкретни иницијативи насочени кон јакнење на трговските и економските односи меѓу двете земји.

Претставниците на Македонско-турската стопанска комора ја поздравија иницијативата за поинтензивна институционална соработка и координација во наредниот период, со цел создавање подобри услови за развој на деловната заедница и зголемување на билатералната економска размена.

Read Previous

Систем „безбеден град“ – се бараат казни и за фрлање на отпад од автомобил, МВР вели нема технички услови