January 16, 2026

Шкендија ќе игра против турскиот тим Самсунспор во плејоф фазата на УЕФА Конференциската лига

Шкендија ќе се соочи со турскиот тим Самсунспор, во плејоф рундата за пласман во осминафиналето на УЕФА Конференциската лига.

Ждрепката за плејоф рундата на третото по ранг европско клупско фудбалско натпреварување беше одржана во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Според ждрепката, од екипите од регионот Шкендија ќе игра против Самсунспор, а косовската екипа Дрита ќе игра против словенечкиот тим Цеље.

Од другите регионални екипи, Зрински од Босна и Херцеговина ќе се соочи со Кристал Палас од Англија, додека Риека од Хрватска ќе игра против Омонија од Грчката администрација на Јужен Кипар.

Шкендија ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен на 19 февруари, в четврток, додека реванш-натпреварот како гости на 26 февруари, в четврток.

Натпреварите од плејоф рундата се следните:

Шкендија (Северна Македонија) – Самсунспор (Турција)

КуПС Куопио (Финска) – Лех Познањ (Полска)

Зрински (Босна и Херцеговина) – Кристал Палас (Англија)

Сигма Оломоуц (Чешка) – Лозана-Спорт (Швајцарија)

Ноа (Ерменија) – АЗ Алкмар (Холандија)

Јагиелонија (Полска) – Фиорентина (Италија)

Дрита (Косово) – Цеље (Словенија)

Омонија (Грчка администрација на Јужен Кипар) – Риека (Хрватска).

Read Previous

Унгарските искуства за „Безбеден град“ и миграциите во фокус на посетата на Тошковски