January 15, 2026

САД привремено го запираат процесирањето на имигрантски визи за Македонија и 74 други земји

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави привремено ќе престане со обработка на имигрантски визи за граѓани од 75 земји, меѓу кои е и Северна Македонија, јавуваат американските медиуми.

Според документот, американските амбасади и конзулати ќе одбиваат апликации за имигрантски визи додека трае ревизија на процедурите за проверка и проценка на апликантите.

На листата на опфатени земји се меѓу другите Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија, Египет, Тајланд и Јемен. Престанокот на обработката на визи ќе започне на 21 јануари 2026 година и ќе трае додека трае ревизијата на процедурите.

Причината за оваа мерка е спречување на издавање визи на лица кои би можеле да станат „јавно оптоварување“, односно лица кои би зависеле од владини социјални бенефиции по доаѓањето во САД.

Конзуларните службеници добиле упатство да ги одбиваат визите на апликанти кои се сметаат за најризични според критериуми како здравствена состојба, возраст, познавање на англиски јазик, финансиска состојба или можни потреби за долгорочна медицинска грижа.

Сè уште не е објавено кога точно ќе заврши оваа пауза во обработката на визи и кои други земји дополнително ќе бидат опфатени.

TV21

Read Previous

Радев го врачи вториот мандат за состав на бугарска влада, ПП-ДБ го врати нереализиран

Read Next

„Мој ДДВ“ останува како што беше и досега, изјавиа од УЈП