January 14, 2026

Со традиционално дефиле на маски и костуми започна Вевчанскиот карневал

Со традиционално дефиле на маски и костуми започна Вевчанскиот карневал стар повеќе од 1.400 години.

Во Општина Вевчани се одржува традиционалната манифестација Вевчански карневал по повод Нова година според стариот јулијански календар.

Овој карневал се смета за еден од најголемите уникатни културни куриозитети во Северна Македонија и пошироко, со традиција долга над 1.400 години.

Вевчанскиот карневал е познат по тоа што на сатиричен начин, преку разни маски и костуми, ги претставува настаните што се случија во текот на претходната година во земјата, регионот, но и во светот.

Карневалот трае два дена, а утре сите учесници ги палат маските, со симболика дека злото нема да се повтори.

Маските се чуваат во најголема тајност и никогаш не се повторуваат на некој од наредните карневали.

Read Previous

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Read Next

Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија