January 7, 2026

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Пожаране

Попова Шапка со нула степени беше најстуденото утрово. После нив следуваат Крушево, Лазарополе, Маврови Анови со три степени. Најтопло беше во Демир Капија со 13 степени. 

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):

0 Попова Шапка, 3 Kрушево, Лазарополе, Mаврови Анови, 6 Прилеп, 7 Берово, Кавадарци, Тетово, Претор, Охрид, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, 9 Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, 10 Куманово, Виница, 11 Велес, 12 Штип, 13 Демир Капија.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во западниот дел од земјава, поточно во Пожаране (21 литар на метар квадратен). Следува Тетово, Попова Шапка, Маврово.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2).

21 Пожаране, 19 Тетово,17 ПоповаШапка, 11 Маврови Анови, 6 Охрид, 5 Крушево, 3 Лазарополе, 2 Берово, Претор, Пожар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Тополчани.

Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, и максимална температура до 13 степени.

TV21

Read Previous

Недвижностите поскапеле за 25% во последниот квартал од 2025 година

Read Next

Невреме со обилни врнежи ги зафати Албанија и Косово, поплави во повеќе области