December 25, 2025

Важна информација од ЈСП за студентските годишни билети

ЈСП ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година.

Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.





TV21

Read Previous

Нафталин предизвикал пожар во банка во Бугарија, гореле пари

Read Next

Тело на маж извлечено од Вардар кај Трубарево