January 25, 2026

Белград нема да организира дочек на Нова година од безбедносни причини

 Градот Белград оваа година нема да организира дочек на Нова година или на српската Нова година, изјави на прес-конференција градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

„Не сакам никогаш повеќе да се случи она што се случи минатата година. Група луѓе сакаа да влетаат минатата година, не сакаме повеќе да ризикуваме. Што се однесува до градот Белград, сè додека не се најдеме во ситуација да може да ја осигуриме безбедноста на секој учесник, нема да организираме ништо“, рече Шапиќ, објави белградскиот весник „Денес“.

Тој додаде дека немаат буџет за осветлување и дека дури и она што е украсено е подарок за луѓето од Белград.

На прашањето на новинарка на „Денес“ дали ќе се организира дочек некаде на друго место во Белград освен „Белград на вода“, градоначалникот истакна дека тој дочек е приватно организиран и дека „секој пред својата кафеана може да организира дочек“.

Read Previous

Зголемен број на странски туристи и ноќевања, најмногу гости дошле од Турција, Германија, Србија и Грција

Read Next

ТХЈ организираше настан во Скопје за зајакнување на туризмот меѓу Северна Македонија и Турција