January 25, 2026

Зголемен број на странски туристи и ноќевања, најмногу гости дошле од Турција, Германија, Србија и Грција

Во периодот јануари – октомври 2025 година вкупниот број на туристи е зголемен за 5,4 отсто во однос на истиот период лани, а зголемен е и вкупниот број на ноќевања за 0,6 проценти, соопшти Државниот завод за статстика.

Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските зголемување за 9,3 проценти. И во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има намалување за 4,2, а кај странските зголемување за 6,4 проценти.

Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи 21,8 отсто биле домашни, а 78,2 процента странски. Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204 718, од кои 29,1 отсто се од домашните туристи, а 70,9 отсто од странските.

Најмногу странски туристи во октомври 2025 дошле од Турција (18 678), Германија (12 558), Србија (6 154) и Грција (3 781).

Read Previous

Бугарскиот премиер поднесе оставка пред гласањето за недоверба во услови на антивладини протести

Read Next

Белград нема да организира дочек на Нова година од безбедносни причини