December 11, 2025

Чамец со мигранти се преврте во реката Сава, Хрватска, најмалку едно лице загина

Чамец што превезувал група мигранти се преврте рано утринава во реката Сава во близина на Славонски Брод во Хрватска. Според првичните информации, на чамецот имало 13 лица. Досега, 10 се извлечени од водата, едно лице почина, а едно е на интензивна нега.

„Полицијата реагираше веднаш откако добивме информација за инцидентот околу пет часот наутро. Заедно со други служби, им притрчавме на помош на жртвите. Неколку лица беа извлечени од водата, едно за жал почина, додека другото е на реанимација. Другите беа хипотермични и префрлени во болница“, изјави портпаролката на полицијата, Ката Нујиќ.

Повредените се пренесени во Општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ во Славонски Брод.

„Примивме 11 лица за кои моментално се грижат. Повеќе информации за нивната здравствена состојба ќе бидат познати по медицинскиот третман“, изјави директорот на болницата, д-р Јосип Самарџиќ, за порталот Инфопикс.

За време на пребарувањето беше користен дрон, а навигацијата по реката Сава во зоната на пребарување беше привремено прекината.

Read Previous

Демократската партија на Турците ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Центар Жупа