December 7, 2025

„Сејф сити“ го намали бројот на сообраќајни прекршоци, се намалил и бројот на сообраќајни незгоди

За 50 проценти се намалени сообраќајните несреќи во главниот град, откако почна во функција тест периодот на системот „SAFE CITY“, велат од брзата помош. 

Докторката Ана Џарева објаснува дека сообраќајките се со полесни повреди, нема жртви од сообраќајна несреќа, но и скоро и да нема повреден пешак, што беше случај минатата недела кога само 24 часа беа прегазени пет пешаци, а четворица на пешачки премин и сите беа со тешки телесни повреди.

Доктор Џарева објаснува дека секогаш причина за сообрќајните несреќи се брзото возење, алкохолот и минување на црвено на семафори. Во голем дел од повредите граѓаните имаат тешки телесни повреди со инвалидност, а за жал чести беа и смртните исходи.

Од МВР посочуваат дека со новиот сообраќаен систем се намалуваат прекршоците, во однос од првото деноноќие кога имаше над 100 илјади прекршоци. И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот ФБ профил објави дека добил порака дека направил прекршок со неговото возило, бидејќи се движел еден километар над дозволената брзина. Тој потенцира дека системот важи за сите без исклучоци и привилегија. И ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата.

Read Previous

Сиљановска-Давкова: Споменот за охридскиот светител е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на сето словенство