December 2, 2025

Парламентарни избори во Србија ќе се одржат најдоцна во рок од една година

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека земјата влегла во изборна година и дека единственото прашање што останува е дали покрај парламентарните избори ќе се одржат и претседателски избори.

Вучиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат најдоцна во рок од една година, а дека надлежните институции ќе одлучат дали истовремено ќе се одржат и претседателски избори.

„Денес официјално влеговме во изборната година и нема сомнение дека ќе имаме избори најдоцна во рок од една година“, рече Вучиќ во изјава за медиумите во селото Толиќ во близина на Мионица, пренесува Танјуг.

Српскиот претседател додаде дека се во тек подготовките за изборите, за да се види кој учествува на изборите, колку листи и на кој начин, и кои се кандидатите.

„И да видиме дали ќе има само парламентарни избори или ќе има парламентарни и претседателски избори заедно. Но, надлежните институции ќе донесат одлука за тоа“, додаде тој.

Вонредните парламентарни избори во Србија се одржаа во 2023 година.

Read Previous

Трето судење за „Пулс“: Нов обид за воведни зборови на одбраната

Read Next

Мицкоски за „Сејф Сити“: Подготвени сме како Влада да ги трпиме сите критики, само да спасиме човечки животи