December 1, 2025

Од 1 јануари ќе може дополнително да работат пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, на „Фејсбук“ објави дека од 1. јануари ќе стапи на сила Закон, со кој ќе може работно да бидат ангажирани пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик и притоа истите нема да ги изгубат стекнатите социјални и здравствени придобивки.

„Од 1 јануари стапува на сила Законот за работно ангажирање со кои се овозможува дополнитело да работат пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик ќе можат формално да бидат работно ангажирани без да ги изгубат стекнатите социјални и здравствени придобивки!“, објави Ристески.





TV21

Read Previous

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците