December 1, 2025

Камерите на улиците од денеска регистрираат прекршоци – во декември само опомени, казни ќе доаѓаат од јануари

Од денеска камерите на главните сообраќајници од системот „Безбеден град“ ќе почнат со регистрирање на прекршоци. Ќе детекгираат и евидентираат сообраќајни прекршоци во реално време. Системот автоматски ќе го регистрира прекршокот и ќе испрати известување до возачот. Овој месец декември, односно до крајот на годината ќе стигнуваат само опомени, а со казнување ќе се почне од јануари 2026 година.

Камерите ќе детектираат многу прекршоци, меѓу кои и прекорачување на брзината, поминување на жолто или црвено светло, неправилно престојување, возење со истечена сообраќајна дозвола, нерегистрирано возило како и непрописно паркирани возила.

Како што претходно беше најавено од МВР, проектот ќе се тестира во Скопје и во два града, а од идната година ќе се спроведува на целата територија низ државата.

Read Previous

Во Македонија годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА

Read Next

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците