January 3, 2026

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остарил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

– Скопје кон Европа! Заедничка стратегија за презентацијата во Брисел – „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”. Денес во Министерството за надворешни работи остваривме продуктивна и стратешки важна средба со министерот Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков, целосно посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, објави градоначалникот на Фејсбук.

Тој посочи дека оваа средба е јасен сигнал дека имаат план и дека работат синхронизирано, со чиста визија и енергија.

– Зацврстуваме стратегија, градиме прецизна комуникација и создаваме заеднички фронт со европските партнери, затоа што Скопје заслужува да биде претставено силно, достоинствено и современо. Со ова покажуваме и дека сме целосно посветени на процесите, на целите и на европските стандарди што ни се водилка, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека нивната задача е јасна: „Скопје да го поставиме високо на европската културна мапа, таму каде што му е местото“.

– Продолжуваме активно, одговорно и со обединета визија. Го зајакнуваме патот на Скопје кон европските практики и ја вреднуваме нашата културна иднина со работа, со посветеност и со верба дека оваа приказна ќе биде успешна и препознатлива. Скопје 2028 е иднината што ја градиме заедно, објави Ѓорѓиевски. 

Skopjeinfo

Read Previous

Германскиот министер за надворешни работи Вадефул пречекан во Скопје од Муцунски

Read Next

Почна судењето за трагедијата во пожарот во Кочани