November 4, 2025

Ѓорѓиевски ја предаде функцијата: Бети Стаменкоска-Трајкоска е новата градоначалничка на Кисела Вода

Досегашниот градоначалник на општина Кисела Вода и новоизбран градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и ја предаде функцијата на Бети Стаменкоска Трајкоска.

Ѓорѓиевски, кој заминува да ја води скопската градска администрација, упати емотивна порака до својата наследничка, изразувајќи целосна поддршка.

„Честитам од срце Бети!

Кисела Вода од денес има нов градоначалник.

Бети Стаменкоска-Трајкоска е новата мајка на општината.

Знам колку си посветена, колку искрено ја сакаш Кисела Вода и колку труд вложуваш во сѐ.

Убеден сум дека ќе го продолжиш патот кој го трасиравме со истата сила, со ист жар и љубов.

Ти благодарам за сѐ што направи и за она што допрва ќе го направиш.

А со поддршка на градот Скопје, ќе продолжиме да правиме уште поголеми дела.

Го имаш мојот збор!“, истакна Ѓорѓиевски. 

Read Previous

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот