October 28, 2025

Стартува директната авиолинија од Скопје до Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“.

Првиот лет  ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија  Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота.

Од скопскиот аеродром од денеска повторно се лета до Ларнака и ќе има летови секој вторник и сабота.

Скопје вчера се поврза авионски со Стокхолм и Бари, а Охрид со Базел.

Летовите ги реализира „Виз Ер“ со субвенции од Владата.






Skopjeinfo

Read Previous

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја потресе западна Турција