Во Градската болницата „8- ми Септември “ во Скопјe беше промовирана комора за третман под висок притисок, која се очекува наскоро да биде ставена во функција за пациенти со изгореници, хронични рани и рани кои тешко заздравуваат од дијабетес, но и од други болести, што недостасуваше во јавната медицина. Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека овој проект е плод на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор.
„Длабоко веруваме дека државните институции заедно со приватните институции обезбедуваат поддршка за иновации и технологија во здравството. Се надеваме дека овие соработки ќе бидат поплодни во иднина. Како министри, се погриживме сите компании да бидат транспарентно вклучени, со цел потоа да се зајакнат врските меѓу приватниот и јавниот сектор“, вели министерот за здравство, Азир Алиу.
Оваа хипербарична комора, сместена во одделот за физикална терапија и рехабилитација во „8-ми Септември“, беше донирана од компанијата „ЗЕГИН“.
Проектот за хипербарична комора се работи веќе пет месеци, изјави директорот, Синиша Стојкоски.
„Но, опфаќа и сегменти од болницата како што се пластична хирургија, пулмологија, сегменти кои работат на зајакнување на имунитетот во болницата и не само на пациентите, туку и на здравите спортисти, кои во идните проекти што ги планираме ќе бидат вклучени преку користење на услугата за хипербарична комора за зајакнување на нивните спортски перформанси“, вели Синиша Стојкоски, директор на болницата „8-ми Септември“.
Инаку, во јавните здравствени установи сè уште нема специјализирано одделение за третман на пациенти со изгореници. Одделот што беше во градската болница „Св. Климент Охрид“ одамна е надвор од функција.
TV21

