October 28, 2025

Полицајци од Кичево осомничени за кражбата во златара во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото било пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречуваат постапката со прикривање на доказите  и со влијание врз сведоците, како и опасност да го повторат делото.






TV21

Read Previous

Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието

Read Next

Турција во контакт со црногорските власти поради неодамнешните инциденти во кои се вклучени и турски граѓани