
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Кралот Чарлс III.
На својот Фејсбук, Мицкоски истакна дека средбата била искрена и содржајна, и дека било разговарано за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.
„Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Височество, Кралот Чарлс III.
Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание.
Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.
Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, имам повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство“, напиша Мицкоски.