October 21, 2025

На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

Во тек на минатата недела на Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy).

-Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи, преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, со помош на посебни тридимензионални пресметувања се планира точната локација на интервенцијата во внатрешноста на главата и се зема материјал за анализа, вели министерот за здравство Алиу.

За да се дојде до овој резултат, претходеа  подготовки со тим на експерти од Бразил, предводени од проф. Маноел Јакобсен Теишеира од Универзитетот Сао Паоло, како и инженерот Антонио Мартос Калво.

Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог).

– Посебна благодарност до тимот од неврохируршките сали и од одделот за континуираната подршка во тек на работниот процес, како и до Клиниката за радиологија за безрезервната и трпеливата подршка во процесот на организација на работниот процес. Оваа постапка нуди во иднина исклучителни можности за развој на функционалната неврохирургија и лекувањето на разните невро-дегенеративни заболувања, поради кои нашите пациенти согласно досегашната пракса се упатува на лекување во странство, појаснува директорот на Клиниката за неврохирургија, кој е дел од тимот, д-р Љуљзим Агаи.






TV21

Read Previous

Грчката Влада со амандман ќе го заштити споменикот на Незнајниот војник во центарот на Атина

Read Next

Над 3.000 евра за метар квадратен – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра