October 18, 2025

Починато лице на советничка листа во Град Скопје

Гласачите во Скопје ќе гласаат за една советничка листа помалку. ДИК поништи цела листа откако е утврдено дека на неа е кандидирана почината личност. Партијата што ја поднела листата ќе добие и кривична пријава.

Починатата не била избришана од избирачкиот список, па од ДИК за случајот дознале вчера, по допрен глас. По тоа, прибавиле и  писмен доказ – извод од матична книга на умрени.

Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата.  Известија и дека ова не е нов случај,истото се случило и на претходните избори.

Случајот отвори дилема, како е можно низ институциите да поминал таков пропуст кога при поднесување на изборните листи е задолжително да се достави и личен потпис и изјава.

Деновиве за листите беше откриено и дека се кандидирани цели семејства, а интересно е и дека во трката за советници ќе бидат и седум кандидати постари од 90 години. Од нив, пет се жени, а најстарата има 97 години.

TELMA

Read Previous

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк