
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, го прими на средба потпретседателот на Турција, Џевдет Јилмаз.
Средбата се одржа во седиштето на Претседателството на Албанија.
Во објавата на социјалните мрежи Бегај објави дека го примил турскиот потпретседател Јилмаз.
„Нашите одлични и пријателски односи нè охрабруваат да ја продлабочиме соработката во економијата, трговијата, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, безбедноста, одбраната и обновливите извори на енергија“, напиша тој, додавајќи:
„Албанија ги цени Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган како клучен партнер и сојузник, посветени на дијалогот на мирот и стабилноста на Западен Балкан и пошироко.“