
Вака изгледаат златарските улици во Старата чаршија во Скопје. Граѓаните разгледуваат излози, но двапати размислуваат пред да купат, бидејќи цените достигнаа рекордни нивоа.
На светските берзи, златото порасна за повеќе од 1% само за еден ден, достигнувајќи рекорд од 4.193 долари за унца. Среброто исто така бележи силни флуктуации.
„Достигна рекордно висока цена. Денешната берза е околу 119 илјади евра. Што се случува на глобално ниво, влијае и кај нас“.
– Колку е грам злато во Македонија?
„Моментално, 14-ка, старо злато, е околу 70 евра. Многу влијае кај граѓаните, кога се работи за купување накит – нема добра продажба“.
„Цената е скапа, не е евтино, и ќе оди уште погоре. Јас сум златар и гледам дека клиентите немаат можност да купуваат – многу поскапе…“
А, како ова влијае врз купувачите?
„Секако, секако – луѓето купуваат помалку. Нормално, многу е скапо. Имам купено лири пред 2-3 години и во Германија исто така – беа 390–400 евра, сега се 600–650. Нормално е човек да запре и да се воздржи“.
„Не знам точно, само сум слушнала дека е многу скапо“.
– Дали купувате злато или само за посебни пригоди?
„Само за посебни прилики, нормално“.
На глобално ниво, експертите предвидуваат дека златото може да достигне и 5.000 долари за унца до крајот на годината, ако продолжат трговските тензии и централните банки ги задржат ниските каматни стапки.
Според аналитичарите на „Блумберг“, главната причина се очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматите – потег што обично ја зголемува вредноста на благородните метали.
Освен златото, годинава раст бележат и среброто, платината и паладиумот.
TV21