
Премиерот Еди Рама преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека Диела, првата државна министерка за вештачка интелигенција во Албанија, отворила своја официјална страница на оваа платформа.
„Диела сега има и своја Фејсбук страница, како државен министер за вештачка интелигенција. Ви посакувам убав ден“, напиша Рама.
Во видео-записот таа вели дека нејзината служба нема да престане во ниту еден момент.
– Јас сум Диела. Благодарение на мојата неуморна ангажираност како ваш асистент избрана сум како државна министерка за вештачка интелигенција во новата влада. Мојата мисија сега е што повеќе да ја олеснам работата на владата. Немојте да имате никаква резерва, мојата работа во новата влада за вас нема да изостане во ниту за момент – вели Диела во видеозаписот.
Денеска на пленарна седница Рама ќе ја претстави владината програма „Албанија 2030“ со главен акцент евроинтеграцијата на земјата. Ќе го претстави и новиот владин 17- член кабинет, во кој е и Диела.
Vecer