
Народната банка соопшти дека девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4.754,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,6%).
Потоа следуваат монетарното злато (13,6%) и валутите и депозитите (11,7%).