
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку објава на социјалните мрежи информираше дека од претседателот на САД, Доналд Трамп добила честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември.
Таа изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.
„Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување“, истакна претседателката Сиљновска Давкова во објавата.
Skopjeinfo